Sunday, July 24, 2005

ALMOST KINGS
by E.Karakash
"Останавме само ја и ти, Пеџа" По Хидо, Полард, Дивац, Кристи и Вебер, Кингси овој викенд ја загубија и некогашната златна резерва Боби Џексон. А, не толку одамна скоро секој НБА фан сметаше дека Сакраменто го има најталентираниот состав и најдобрата клупа во лигата. Таквите тврдења уште повеќе “држеа вода” по сезоната 2002-03 која Кингси ја завршија со скор 59-23. Но, таа година во плеј-офот тие загубија од Далас во 2.коло, а главната вина за тоа сите ја гледаа во повредата на коленото на Крис Вебер во 2. меч од таа серија. Само една година пред тоа, Big Shot Rob Horry со тројка ги реши Кингси кои беа на чекор до своето прво НБА финале и така им ги скрши срцата на сите нивни навивачи, кои кај нас ги имаше доста, иако тоа ретко беше од некави кошаркарски причини. И кога сите очекуваа сезоната 2003-04 да биде нивна, дојде до распад на системот и тие веќе никогаш не се вратија при врвот на Западот, добро позната приказна за секој тим кој не е способен да го направи оној последен исчекор напред. Сега, од тој тим во Сакраменто останаа само Мајк Биби и Пеџа Стојаковиќ, откако и главниот играч од клупата во тие “скоро златни” години овој викенд беше трампан во Мемфис во размена за Бонзи Велс. Овој потег на Кингси е логичен посебно по заминувањето како слободен играч во Клиперси на Катино Мобли со што се отвори дупка на “двојка” која тешко дека ланскиот руки Кевин Мартин или тазе дебитантот Франциско Гарсија можеа да ја попунат. Боби беше љубител на публиката во Сакраменто, но од освојувањето на наградата за најдобар “шести” 2003 год. тој не изигра ни една целосна сезона. Лани тој се појави на само 25 средби од регуларната сезона и нешто малце заигра во плеј-офот, што го прави овој потег на генералниот менаџер на Кингси Џеф Питри уште пологичен (чија биографија дава малку простор за сомнеж). Еве ги сите трејдови на Питри во неговите седум години во Сакраменто (нормално, без овој последниов): - 1998: Мич Ричмонд за Крис Вебер Одличен потег на заменување на веќе истрошениот Мич со младиот и желен за докажување во нова средина Крис. - 2000: Корлис Вилијамсон за Даг Кристи Кристи беше токму она што им недостасуваше на Кингси кои беа познати по слабата одбрана. Само уште да не мавташе со тоа прстите по секој потег. - 2001: Џејсон Вилијамс за Мајк Биби Питри успеа да ги заебе Гризлиси и да им го убута проблематичниот и нестабилен Вилијамс и у исто време да им го земе Биби, на кој му требаа само неколку месеци да стане нов кормилар на Кингси. - 2003: Хидо Туркоглу и Скот Полард за Бред Милер Со овој потег Питри почна да ја сецка најдобрата клупа во лигата, но тоа беше неопходно за да го добие Бред кој веднаш стана Ол-Стар и го направи Владе потрошна роба. - 2005: Кристи за Катино Мобли Кога му помина времето на Кристи, Питри го прати во Орландо за Мобли кој беше поефтина И помлада опција на “двојка”. Но, тоа што летово тој си замина за Клиперси направи Кингси од овој дил за излезат со празни раце. - 2005: Вебер за Вилијамсон, Брајан Скинер и Кени Томас За ѕвездата во заоѓање со огромен договор и лоши колена, Кингси добија три високи играчи кои можат да бидат од корист и кои се многу полесни за трампање од Крис.

2 Comments:

Anonymous Prague Rocks said...

Neznam sto da ti kazam za kingsi.Da receme: "Prosim vas ten eroticky katalog":))) Aj ziveli

7/25/2005 11:08:00 am  
Blogger Karakash said...

:))

7/25/2005 08:49:00 pm  

Post a Comment

<< Home