Thursday, July 14, 2005

Лејкерси го добија 1.пик, Ајзеа - центар, а Клиперси - Катино

"Too good to be true? My ass" Според повеќе извори, нова “четворка” на Лејкерси догодина ќе биде Квами Браун. За Браун тимот од Ел-Еј би требал да се откаже од Керон Батлер и еден од Девин Џорџ и Чаки Еткинс, Што значи ова за двете страни? Од една страна многу ми е јасно зашто Вашингтон се одлучува на ваков потег. По ненадејното заминување на Лери Хјуз во Кавси, Визардси мораа да го сменат планот за ова лето и наместо високо крило да бркаат двојка-тројка, планови во кои Батлер би требал солидно да се вклопи и колку-толку да ја закрпи дупката настаната по бегството на Хјуз. Е сеа, од друга страна нешто не ми е јасен потегов на Лејкерси. Тачно дека немаат играчи под кош (Слава, Грент, Владиатор, Бајнам да ги споиш нема да добиеш асален играч), ама трампа за типот кој 2001 беше прв пик и кого единствено Дарко Миличиќ му е конкуренција за најголема драфт-утка последниве пет години, не знам баш. Но, ако некој знае да му дотера памет на било кој играч тоа е Фил Џексон. Така беше со еден куп играчи кои беа дел од неговите тимови, па зашто да не биде и со Браун, кој не е познат по зрело понашање и кој лани не беше дел од плеј-оф ростерот на Визардси откако во 1.коло се побуни за малата минутажа. Којзнае, можеби баш у Лејкерси Квами ќе го покаже она што пред четири години во него го виде Мајкл (а, можеби у последен момент некој ќе се предомисли и нема да има ништо од дилов). Иако мислам дека боље ќе му беше у родната му Џорџија (Атланта). Еве ви го драфтот 2001 па видете дали Визардси можеа боље да поминат: Round 1 1 Wizards Kwame Brown 2 Clippers Tyson Chandler 3 Hawks Pau Gasol 4 Bulls Eddy Curry 5 Warriors Jason Richardson 6 Grizzlies Shane Battier 7 Nets Eddie Griffin 8 Cavaliers DeSagana Diop 9 Pistons Rodney White 10 Celtics Joe Johnson 11 Celtics(From Nuggets) Kedrick Brown 12 SuperSonics Vladimir Radmanovic 13 Rockets Richard Jefferson Traded to Nets 14 Warriors(From Pacers) Troy Murphy 15 Magic Steven Hunter 16 Hornets Kirk Haston 17 Raptors Michael Bradley 18 Rockets(From Knicks via Suns and Magic) Jason Collins 19 Trail Blazers Zach Randolph 20 Cavaliers(From Heat) Brendan Haywood 21 Celtics(From Suns) Joseph Forte 22 Magic(From Bucks via Rockets) Jeryl Sasser 23 Rockets(From Mavericks via Magic) Brandon Armstrong 24 Jazz Raul Lopez 25 Kings Gerald Wallace 26 76ers Samuel Dalembert 27 Grizzlies(From Lakers via Knicks) Jamaal Tinsley 28 Spurs Tony Parker 29 Timberwolves Forfeited* ------------------------------------------------------------------------------------ - Ајзеа конечно си најде центар. Покрај овој веројатен дил, веќе готова работа е преминот на Џером Џејмс од Сиетл во Њујорк како слободен играч. Потврдена е сумата од 29 милиони, но не се знае дали за 4 или 5 години. По Мекмилан, Џејмс е следниот кој ги напушта Соникси и кој профитира од нивната ланска изненадувачка сезона. Со ова тој автоматски станува нивен единствен поискусен центар и сигурен стартер. По ова, и заминувањето на Мекмилан во Портланд, Реј Ален веројатно си мава глава у ѕид што избрзал со прифаќањето на понудата на Сиетл. ------------------------------------------------------------------------------------ - Клиперси по некое чудо летово може и да имаат среќа. Откако ги напушти Боби Симонс, неговото место би требал да го заземе, за Клипси нетипично, подобар играч од Боби, а тоа е Катино Мобли, кој по ланските авантури у Орландо и Сакраменто би требал да се скраси у Ел-Еј.

5 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

Јас мислам дека Лејкерс овојпат не грешат . Момчето има потенцијал. Сега, никад нема да биде вистински ол-стар или лидер ама мислам дека ќе биде доста солидна четворка. Мислам, и во одбраната и нападот.

Сигурно од Батлер многу повеќе ќе им се најде.

7/15/2005 02:02:00 am  
Blogger Karakash said...

Ваљда има нешто кога Фил го сака у екипа, за играчкиот потенцијал не зборам, најголем проблем на дечкото е на ментална основа. Пратејќи го низ интевјуа и дешавки овие неколку години момакот дефинитивно има проблем со созревање и само тоа го спречи да стане солиден играч. Ќе видиме.
А, за сликана подоле ништо не коментираш, а?:)
+ што бидна со идејата за спортски сајт?

7/15/2005 01:00:00 pm  
Blogger Shepard said...

Ова е првиот паметен потег на Лејкерси после Глен Рајс. Како највечи фан се радувам, и заедно со моето другарче навијач на Лејкерс едвај чекаме да го видиме Квејми у акција.

7/15/2005 03:55:00 pm  
Blogger Ико said...

Браво браво...мислам дека Фил може да направи солиден играч од Браун...

За сликата јас би искоментирал само #&$@#@&#$&*@#!%$&*!@^$@!)*$^@!$ ???????

Абе ајде, таа сто посто го опијанила Коби и му се качила на ку%!

А што е со таа некоја идеја за спортски сајт?

7/15/2005 07:38:00 pm  
Blogger Владо Апостолов said...

Види сеа. Девојкана и не е толку лоша. А, таа до неа е уште дете, бре!:)

За сајтот...па кажи кога да се собереме и да напрајме муабет за тоа.

Еве пиши меил apostolov80@mt.net.mk !

7/15/2005 10:32:00 pm  

Post a Comment

<< Home