Wednesday, June 29, 2005

Кој е Ендрју (Андрија) Богут?
By Enes Karakash Овогодинешниот 1. пик Ендрју Богут е прв играч кој играл барем една минута на колеџ по цели пет години, а кој е избран како прв. Поради наездата на странци и средношколци во последно време играчите кои играат во НЦАА се поретко ја добиваа довербата на НБА скаутите, но поради достата разочарувања од избраните средношколци и странци (Даркооооо!) овој драфт донекаде ги врати работите во нормала. Велам, донекаде, затоа што иако играше две години за Универзитетот Јута, Ендрју Богут не е Американец, туку Австралијанец, Уствари кога подобро ќе погледнете, тој не е ни Австралијанец, иако игра за “кенгурите” и е роден доњн ундер. Ендрју уствари е Андрија, име кое го добил по неговиот дедо, а неговите родители како млад брачен пар се преселиле во Австралија каде не долго потоа се родил малиот Андрија. Сега е јасно откаде кај него толкав кошаркарски талент. Инаку јас лично, а и поголемиот дел од кошаркарскиот свет за првпат го забележав на младинското СП кое пред 3-4 год. се одржа во Солун. На тој турнир Озите ги изненадија сите освојувајќи го златниот медал, а погодувате кој беше главен “виновник” за тоа. Идниот 1.пик доминираше во таа конкуренција (дабл-дабл на секоја средба) И веќе тогаш беше јасно дека станува збор за екстра талент. Веднаш потоа најголемите европски екипи (меѓу кои и Цибона) се загреаа по Богут, но тој одлучи да ја прифати понудата на Унив. Јута и да игра за легендарниот НЦАА тренер – Рик Маџерус. Во текот на првата сезона преко баре не одеше се како подмачкано и Андрија имаше проблеми со прилагодувањето кон новата средина и стил на игра. Тогаш почнаа да се јавуваат првите сомнежИ за неговите способности, сомнежи кои паднаа во вода по неговата втора сезона за која ја доби наградата за најдобар колеџ играч за 2004-05. Интересно е тоа што тој процвета откако од кормилото на Јута се повлече човекот кој и го донесе таму, Маџерус. Богут повеќето аналитичари го споредуваат со некои европски центарски легенди како Сабонис и Дивац, но не се ретки ниту споредбите со Бред Милер. Сега кога е познато дека ќе игра за Милвоки (кај кои ќе се врати и долго повредениот Ти-Џеј Форд) првите пет на Бакси..Форд, Ред (ако остане), Мејсон, Смит и Богут..не изгледаат така лошо. Плус, тука на помош на Андрија во секое време ќе му биде и неговиот сонародник – Тони Кукоч.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home