Wednesday, February 23, 2005

До непознатото другарче:)
Еве со огромно задоцнување го видов и allstar-от, ама нема да коментирам што и како бидејќи она беше најголема глупост во историјата на НБА. Испадна дека руки- софтмор утакмицата беше најјак дел. Ама реков нема да коментирам... Иначе, најново е што бев брутално прекинат во најтворечкиот период и ми беше доделена привилегијата да напишам 10 страни семинарска работа па не ни стигнав ни западот да го довршам. Еве, пошто сега почнува поинтересниот дел од сезоната ќе се фокусирам на она што е навистина интересно и ќе ви презентирам дел од моите парапсихолошки способности. Еве ја мојата листа на работи кои очекувам да се случуваат во НБА во вториот дел од сезоната: 1. Детроит ќе заврши со скор од негде 20 порази како најдобар на Исток. Во право беше Шеп шо напиша дека Запад кошот не го виде 5 минути на allstar-от. Е така некои екипи нема да го видат и по 15 минути. Наспроти сите очекувања никој нема да скрши кичма. Фила ќе им направи мали проблеми прва рунда плејоф ама нема проблем до финале натака. А и Бен Волис конечно ќе потпише договор за патики со струмичкиот производител Адибас. 2. На запад ќе е лудница, ама се ќе си дојде на свое место и Сан Антонио ќе тепа со околу 24-5 порази. Втор Феникс, а трет е малку битно. И онака нема да види повеќе од втора рунда плеј-оф. Сан Антонио го тепа 4-2 во финале на запад Феникс 3.Плејоф нема да видат ни Њу Орлеанс ни Јута ни Чикаго иако засега имаат шанси. 4.Лејкерси ќе се 8 на Запад и ќе го папаат прва рунда 4-2. Коби на една ќе даде помалку од 20 поени па после ќе се вади на некоја повреда. Фил Џексон после тоа ќе рече дека крив за неуспехот е Слава Медведенко кој убацил лоша карма во тимот па ќе му даде да ја прочита The Art of War. 5.МВП на регуларен тек на сезона ќе е Стив Неш чиј просек асистенции откога ќе се врати Амаре ќе е над 15. Ќе стане кандидат во некој период и Паркер ама ќе раскине со Лонгориа и скрос ќе се сјебе. 6. All-defensive тимот страшно многу ќе личи на Детроит. Овој пат нема да го стават Рашид за да има време да проведе со фамилијата:). А и РИП ми делува nekako сумњиво за таму... Ќе фати врски за да влезе ама нема да успее. 7.Чарлс Баркли ќе биде најден во некоја тесна уличка на Њу Јорк во критична состојба, претепан од страна на банда. Тамам пред финалната серија... Ќе се сомнева дека зад сето тоа стои Џеј Зи затоа што Баркли му се пуштал на жената, ама никој не ќе сака да сведочи против него. Кени Смит ќе почне да зема часови по самоодбрана веднаш по немилиот настан. 8. Ivica's finest ќе ја освојат фантази Мак-НБА лигата во фото финиш пред тимот на Каракаш. На трето место наспроти сите очекувања како феникс од сопствената пепел ќе се издигне Шепард, ќе се врати во игра и ќе почне да растура, ама за малку нема да стигне до првото место. 9.Финале на НБА: Детроит- Сан Снтонио. Ситуација Детроит: Чонси игра со мала повреда, Принс игра ненормална одбрана-сам го исфрли Мајами пред тоа:) Ситуација Сан Антонио: Тони заебан до коска зошто Ева го оставила, Тими мора се сам. Ману слаба форма... 10. Конечен резултат 4-1 за Детроит. Кид Рок приредува забава за 4000 народ. На журката настанува масовна тепачка предизвикана од Џермејн О'Нил и Рон Артест. За среќа никој не е повреден. Завршува сезоната- почнува WNBA :) Толку засега од мене, сега одам да го уплатам ова што го кажав в кладилница. Бар да се заработи нешто од сево ова.

4 Comments:

Blogger Владо Апостолов said...

:)

2/23/2006 06:04:00 pm  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
[url=http://tndofodv.com/chbs/igai.html]My homepage[/url] | [url=http://cwlkflkp.com/ftnh/vjnt.html]Cool site[/url]

7/27/2006 08:56:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Thank you!
My homepage | Please visit

7/27/2006 08:57:00 am  
Anonymous Anonymous said...

Nice site!
http://tndofodv.com/chbs/igai.html | http://mkaosbwn.com/yxmv/zmuh.html

7/27/2006 08:57:00 am  

Post a Comment

<< Home