Friday, February 11, 2005

Another pleskanje
Во првиот меч од синоќешниот даблхедер, Мајами – Њу Џерси изиграа еден тотално различен меч од оној првиот во кој лесно и убедливо до триумфот стигна Џерси. Ноќеска, приказната беше сосема различна бидејќи Хит ги надиграа, во секој поглед момците од Џерси. По утрото се познава денот, така беше и овде бидејќи во првата четвртина Хит направија предност од 22 поенa! Вејд имаше феноменална прва четвртина во која постигна половина од вкупните негови поени. 17 поени, за помалку од 10 минути игра на теренот, што секако е феноменално, со што ги заќуте сите оние критичари кои имаа што да кажат против него по првиот меч. Тројки, влезови, слободни, едноставно се правеше Флеш кој немаше кој да го чува. Нападот на Нетс беше затупен, едноставно Кид и Картер незнаеа што да прават со топката. Неможеа да го најдат патот до кошот на Мајами, освен со неколкуте погодени тројки на Винс и Лемонd Мари. Најголем проблем како што и се очекваше, беше играта под кош и скокот кој едноставно не е на страната на Нетс во оваа серија. Крстич изгледаше како мало детенце во споредба со Шек, не само физички, туку и во играта, а Колинс дури и баба ми знае дека е труп. Првиот дел заврши со 41:19 за Мајами, исход кој одамна го немам видено! Комплетно надиграни играчите на Џерси, веќе од тука и самите знаеја дека нема што вчера да бараат во Флорида. Овој резултат и разлика од првата четвртина, Мајами ги зачува во текот на целиот меч, со помош на нивната искусна петорка (или боље петорки, пошо играа скоро сите играчи на Мајами). Може ќе бидете изненадени, но сосема добра игра на Ентоан Вокер и Гери Пејтон. Токму вториот, кога Џерси ќе симнеа под 20 ќе здрвеше тројка или шутче од пост, за повторно да ги врати Хит во поголема предност. Единствено, во првиот дел Шек како да беше исклучен од екипата, но во вториот дел Дизелот ја доврши работата за Хит. Вториот дел, малку поизедначен во натпреварувачка смисла, меѓутоа ни Мајами напаѓаше повеки, ниту пак Џерси се обидуваше да ги достигне домаќините бидејќи тоа беше невозможна мисија. Џеферсон играше, меѓутоа така повреден не можеше повеќе да стори. Постигна 16 поени, за 37 минути игра што и не е така лошо. Разочаран, на 5 минути до крај на натпреварот, си ги грабнав перницата и јорганот и отидов во соба да се доспијам и не ја догледав. Конечен резултат: 111:89 за Мајами. Најдобар стрелец Вејд со 31 поен, по него О`Нил со 21 за Мајами. Кај Нетс Картер дојде до 22 со никаква игра, а Џефесрон и Кид по 16, односно 15. Факти кои го решија натпреварот: * Вејд постигна 3 тројки во првите 5 минути, а во регуларниот дел на сезоната вкупно има постигнато 13 тројки. * Картер играше како женче, тотално ме разочара бидејќи мислев дека тој ќе го води тимот кон уште една добра партија. Но, не...ретко кога отиде на влез претежно се обидуваше да асистира. Дисапоинтинг... * Гери Пејтон, Џејсон Вилијамс, Ентоан Вокер, сите одиграа за висока оценка. * Шек ги утепа Крстич + Колинс во целиот меч, освен во стартниот период со што само потврди дека Џерси нема игра во рекетот. * Џерси шут само 40% , а Мајами солидни 53%. За три поени Мајами 11/20, што е многу подобро од првиот меч.

2 Comments:

Anonymous Anonymous said...

uste be so jorgan spies:)
Ziro

5/11/2006 02:57:00 pm  
Blogger Shepard said...

ја си заспав под јорганчето уште на почеток на втора четвртина. апла плескание

5/11/2006 05:53:00 pm  

Post a Comment

<< Home